| четврток, 6 декември 2018 |

Експерт од Белгија и од Шведска во комисијата за 24 декември

sobranie guzva

Даниел Тарчус од Шведска и Петар Ваниут од Белгија се странските набљудувачи кои од денеска се дел на Експертската комисија која ќе работи на расчистување на собраниските инциденти од 24 декември.

Според телевизијата, двајцата експерти од Брисел веќе пристигнале во земјава и се сретналр со претседателот на Комисијата Борче Давитковски.

Тарчус и Ваниут нема да учествуваат директно во работата на Комисијата туку само ќе го набљудуваат процесот и може да дадат мислење околу компаративното право. Инаку, анкетната комисија по разгледувањето на видеоматеријалите и по разговорот со учесниците во минатогодишните декемвриски настани, во август треба да излезе со заклучоци што се случувало на 24 декември во и надвор од Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top