| четврток, 6 декември 2018 |

ЗНМ: Прво утврдување одговорност, потоа дијалог со Владата

Naser-Selmani-(8)

Здружението на новинарите бара од надлежните институции прво да го расветлат инцидентот со новинарите и да се утврди одговорноста за тој што го наредил нивното исфрлање од собраниската галерија, па потоа да го продолжат дијалогот со власта.

– Подготвени сме, како и досега, сите предизвици поврзани со слободата на изразувањето да ги решаваме низ дијалог со институциите низ еден транспарентен и инклузивен процес. Во една земја негувањето отворен дијалог за справување со големите предизвици претставува најдобра легитимација на нејзините демократски капацитети и европски стремежи. Здружението, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот и со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни. Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слободата на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување – соопшти денеска ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, беше еден од новинарите што на 24 декември беа исфрлени од собраниската сала пред да бидат отстранети пратениците на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top