| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија задоволна од екипирањето на комисијата за 24 декември

evroparlament-evrospki-parlament-685x320

Европската комисија ја поздрави веста дека конечно е постигнат договор за составот на комисијата за истрага на настаните од 24 декември. Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување на Европската унија, потврди дека во ЕК со задоволство е примена информацијата дека власта и опозицијата постигнале договор за комисијата.
– Создавањето и резултатите на оваа комисија се суштински елемент на политичкиот договор од 1 март кој стави крај на политичката криза по настаните од 24 декември. Се надеваме дека ова ќе го отвори патот за спроведување на други важни елементи од тој договор – изјавил Стано.
Тој очекува комисијата да работи експресно и заклучоците и наодите да бидат обелоденети во блиска иднина. Стано ја пренесува пораката на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, дека не треба да се губи повеќе време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top