Никој не тепа во одбраната како што тоа го прави селекцијата на Македонија. Не затоа што се агресивни, туку затоа што се цврсти. Исто како да ги гледате нивните ракометари на чело со Кире Лазаров. Перо Антиќ го соборува секој што ќе пројде низ рекетот или ќе се обиде да направи блок. Гечевски и Чековски не заостануваат, а солидни во количеството удари што го делат по раце се и браќата Стојановски, се вели во анализата за македонската кошаркарска репрезентација на српски „Мондо“.
Според „Мондо“, по лошата сезона Бо Мекејлеб повторно личи на себе по лошата сезона во Фенербахче.
– Кога е расположен и кога не останал предолго во ноќта на забави, за Мекејлеб и понатаму нема одбрана. Апсолутно не е важно кој го чува и кој го чека под кошот. Лестер оди право на секој центар и најчесто поентира. Антиќ, кој неодамна потпиша за Атланта во одбрана одработува голема работа, па така компензира со често сомнителнииот избор за шут – пишува „Мондо“.
За клупата се смета дека е причично тенка, но така беше и пред две години. „Мондо“ предвидува дека резултатот од Литванија тешко може да се повтори, но дека некој ќе упропастиме немаат дилема.
Најголеми шанси за постигнување некој значаен резултат од репрезентациите од поранешна Југославија им даваат на Словенија и на Србија. За влез во вториот круг, пак, шанса имаат сите поранешни југословенски републики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.