Селекторот на германската кошаркарска репрезентација и медиумите од земјата домаќин на турнирот во Улм, на кој настапува и Македонија, не штедеа на комплименти за играта на нашата репрезентација.
Франк Менц кој ги предводи Германците како селектор, изјави дека Македонија е една од најдобрите репрезентации во Европа. Вчера ние бевме подобри и славевме со 81-67.
„Задоволен сум од прикажаното од моите кошаркари, бидејќи игравме против една од најдобрите репрезентации во Европа. Имавме одличен тест против состав што играше на високо ниво“, изјави Менц.
Новинарите на „Кикер“ во извештајот од дуелот меѓу Македонија и Германија напишаа дека со игра во која домашната репрезентација има многу осцилации не може да се победи кандидат за медал, посочувајќи ја Македонија како еден од фаворитите на Европското првенство во Словенија што ќе се игра од 4 до 22 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.