Преубавото лице, неодоливата насмевка и нескојдневниот шарм на Билјана Шкортова деновиве беа забележани на скоро сите индиски медиуми, објави „Инпрес“.
Шкортова учествуваше на неколку прес конференции на кои беше поканета да го промовира новиот, прв интернационален избор за убавина во Индија, Miss Universal Princess на кој се очекува да учествуваат девојки од околу 60тина држави од целиот свет.
Единствено таа и претставничката од Англија беа поканети да го пренесат целиот гламур на изборот кој ќе се случи во ноември оваа година и на кој Шкортова ќе земе учество како официјална претставничка на Македонија.
– Познавајќи го тимот , организацијата и целиот концепт подготвен од г-н Сунил Ране, несомнено ова ќе биде најдобро организираниот избор на кој досега сум учествувала. Медиумите во Индија покажаа многу голем интерес за овој избор бидејќи е прв од меѓународен карактер, рече Шкортова. Таа само што се врати од Индија.
Изборот ќе се одржи во Делхи, од 08-25 ноември 2013г. во „Кралството на соништата“- импозантен објект во кој настапуваат најпознатите боливудски ѕвезди а учесничките за време на престојот во Индија ќе имаат можност да ги посетат најубавите места во Индија меѓу кои и едно од најпознатите светски чуда, Таџ Махал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


