| четврток, 6 декември 2018 |

На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!

Во саботата на Нов Белград убиен е адвокатот Драгислав Миша Огњановиќ, сопруг на некогашната мисица Сања Папиќ. Како што се дознава некогашната мисица трагичната вест ја оставила без збор во Хрватска, каде одмарала со ќерката Лара, која ја добила во бракот со починатиот адвокат.

Во време на убиството, Сања на социјалните мрежи споделила убав момент со бебето, не насетувајќи какви вести ја очекуваат. Таа глетка расплака многумина нејзини следбеници.

-Миша ме фасцинираше како комплетна личност, а разликата во годините само е предност во нашата врска. Од секогаш сум сакала да се смирам крај зрел маж. Теориите за зрел маж се многу површни во денешно време. Миша и јас го градиме заедничкиот живот и тука делата стапуваат на сила- изјавила своевремено Сања, зборувајќи за својот 23 години постар сопруг.

-Можам да кажам дека ова е најголемиот подарок за мене и Миша. Од секогаш сум сонувала за сложно семејство во кое владее љубов. Ако тоа семејство се прошири и биде поголемо, ќе биде прекрасно. Миша има два сина, така што нашето бебе е веќе богато бидејќи има два прекрасни брата-изјавила Сања за време на бременоста.

Инаку во пукањето ранет е најстариот син на Миша, Петар. Тој е повреден во раката, а после укажаната лекарска помош пуштен е дома. Полицијата трага по напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top