Грчката кошаркарска експедиција во Германија се пожали на лошата организација на домаќините кои не им обезбедиле пристоен превоз од Минхен до Улм, пред вечерашниот дуел со Македонија на „Беко Суперкуп“. Грците вчера пристигнаа во Минхен, но велат дека воопшто немало организиран превоз на дестинацијата од 180 километри до Улм каде се игра турнирот.
„Германците како да беа изненадени и изгледа воопшто не не очекуваа. Немаше автобус, па понудија помало комбе за да не одведе до Улм. Во него немаше место ниту за половина експедиција, па дури подоцна стасаа уште две комбиња со кои заминавме во Улм“, ја пренесуваат грчките медиуми реакцијата на нивната кошаркарска експедиција.
Мечот меѓу Македонија и Грција се игра вечерва од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


