Македонија го загуби и вториот пријателски меч против селекцијата на Шпанија. Вечерва македонските кошаркари играа далеку под своите можности. Шпанија го доби мечот со 22 разлика (55-77). На полувреме Шпанците заминаа со предност од 11 коша, но во последните две четвртини успеаа да ја дуплираат разликата. 22 коша беше и најголемата предност што шпанските кошаркари ја имаа за време на овој меч. По четвртини резултатот се движеше 22:19, 16:8, 24:17, 15:11
Изгубени топки, промашени обиди за тројка, промашени слободни фрлања, лоши додавања… Последната четвртина најдобрите македонски репрезентативци Перо Антиќ, Бо Мекејлеб, Влатко Илиевски и Тодор Гечевски ја поминаа на клупата за резервни играчи.
Лестер Бо Мекејлеб со 11 поени беше најефикасен, Војдан Стојановски постигна девет поени, по седум поени постигнаа Дамјан Стојановски и Чековски. Перо Антиќ зад своето име запиша само четири поени.
Пријателскиот меч е дел од подготовките за претстојното ЕП во Словенија, што започнува на 4 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.