| четврток, 6 декември 2018 |

Костовски наместо во Звезда ќе заигра за Партизан?

Првиот стрелец во македонската лига, Јован Костовски е на чекор од трансфер во Партизан, иако се шпекулираше дека тој ќе заигра за Црвена Звезда

kostovski jovan

 

Јован ќе биде замена за Александар Митровиќ, кој го напушти клубот за да игра во Андерлехт. Звезда гледа во нашиот напаѓач  со голема почит.

Костовски е со интернационално искуство. Тој играше за грчки ОФИ и за туркиот клуб Ордунспор, тој има 26 години и одлично чувство за давање голови, а тоа е сѐ што му е потребно на Партизан.

Во секој случај на Партизан му остана многу малку време за реализација на овој трансфер и најверојатно доколку се сериозни, ќе мора да ги прифатат сите услови од Вардар затоа што до крајниот рок за трансфери остануваат уште 10 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top