Грчката амбасада во Мадрид, најверојатно, како што вообичаено прави грчката дипломатија секогаш кога имаат проблем со употребата на ФИРОМ и Македонија, ќе реагира кај шпанската телевизија која го пренесуваше мечот меѓу Македонија и Шпанија.
Во преносот што можеа да го гледаат само гледачите во Шпанија и на интернет преку т.н. стримови ниту еднаш не беше спомената референцата од ОН.
Двајцата коментатори на шпански јазик постојано во текот на целиот меч употребуваа Македонија и македонски.
Дури и во графиката никаде не се споменуваше ФИРОМ, туку кратенката МКД и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


