Единаесет годишно момче исценирало сопствено киднапирање со цел да ги спречи родителите да се појават на родителски состанок. Детето од Шпанија на својот татко му испратил порака дека е киднапиран од улица додека фрлал ѓубре. Подоцна се јавило да каже дека се наоѓа во багажник на син Сеат.
Неговиот татко, инаку полициски службеник, ја известил својата полициска станица и многу брзо биле поставени полициски барикади низ градот. Било издадено и известување за случај на национално ниво. Локалните медиуми почнале да објавуваат фотографии од момчето, а била известена и португалската полиција.
По неколку часа таткото забележал дека му недостасуваат клучевите од другиот стан кој го имале. Детето било пронајдено во тој стан, а на своите родители им рекло дека се исплашило што ќе се случи кога неговиот професор ќе ги покаже неговите оценки на родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.