ЖРК Вардар СЦБТ против домаќинот Јоми Салерно ќе игра во вториот полуфинален натпревар на 14 септември со почеток во 19.00 часот. Првото полуфинале меѓу Ростов-Дон и Флери Луар е со почеток во 16.30 часот.
Победниците од овие дуели ќе играат во финалето за пласман во ЛШ, на 15 септември со почеток во 18.30 часот. Пред финалето, со почеток во 16.30 часот ќе се одигра натпреварот за 3. место.
Натпреварите од Групата 4 од квалификациите за ЛШ ќе се играат во салата „Паласеле“ во Еболи, во близина на Салерно. Само победникот во групата обезбедува пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Второ и третопласираната екипа во групата продолжуваат во 3. рунда во КПК, а четвртопласираната екипа се приклучува во 2. рунда од КПК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.