| четврток, 6 декември 2018 |

Дуализам во СДСМ- Заев бара од пратениците да се вратат во Собрание, тие инсистираат на бојкот

goran-kol-11-ZaevZ

Пратениците од СДСМ инсистираат на бојкот на Собраниет, додека централата  и лидерот Зоран Заев од нив бараат да се вратат на работа, пишува Утрински весник.

На крајот од летниот одмор, партиското раководство во кое има само неколку пратеници на СДСМ бара од пратеничката група да се врати во собраниските клупи и да ги промовира партиските политики, додека пратениците остануваат на ставот за бојкот, се до конечната разврска на случувањата од 24 декември.
Утрински објавува дека денеска се најавува координација на пратениците на опозицијата по која ќе се знае, како ќе продолжи да се однесува најгоелмата опозициска група во Собранието.
Откако европската тројка предводена од Штефан Филе во март годинава ја врати опозицијата во Собранието, пратениците не доаѓаат на пленарните седници, а од време навреме се вклучуваат во работата на некоја од комисиите кога ќе проценат дека за тоа има потреба.
Првата пленарна седница на Собранието е закажана за во понеделник 26 август. Тоа е два дена по последнот рок за усогласување на извештајот на експертската Комисија за случувањата од 24 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top