| четврток, 6 декември 2018 |

Додека ја чекаа Меркел маж грабнал заложници

merkelМаж влегол во Градското собрание во баварскиот град Инголштад и земал неколку заложници. Драмата се случувала неколку часа пред посетата на Ангела Меркел на овој град. Портпаролот на полицијата изјавил дека со грабнувачот се разговара телефонски. Германките медиуми не објавуваат кој е човекот и кои се неговите барања.

Полицијата сѐ уште не го поврзува настанот со посетата на Меркел, која треба да присуствува на изборна конвенција на нејзината демохристијанска партија.

Изборите во Германија се закажани за 22 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top