| четврток, 6 декември 2018 |

Пиволенд се враќа на Кале

Pivo fest zatvoranje12 (Custom)Овогодишниот „Пиволенд“,  фестивал посветен на љубителите на пивото, добрата музика и храната, ќе стартува на 11 септември. Шестото издание го враќа фестивалот на скопско Кале.
– И оваа година се очекува посетителите да имат можност да вкусат триесетина видови пенливо задоволство. Секако, бидејќи пиво не иде без храна, „Пиволенд“ им ветува вкусна гозба на сите гурмани во рамките на катчето за храна кое ќе биде засебен дел од фестивалот и ќе нуди избор на вкусови од десет различни ресторани со акцент на македонската кујна – изјави Пане Темов, организатор на „Пиволенд“.
Музичката програма сè уште ја чуваат како изненадување, но се најавуваат  триесетина концертни спектакли.
– Нашата цел оваа година беше да се вратиме на Калето кое со самиот свој амбиент создава доплнителна магија фестивалот да биде поуспешен. Се потрудивме во однос на музичката програма да понудиме што повеќе изведувачи и бендови од домашната музичка сцена, па така и оваа година се фокусиравме целосно во промовирање на македонската култура. Што, од друга страна, пак, не ги исклучува и гостувањата на неколку ѕвезди од регионот – вели Темов.
„Пиволенд“ оваа година ќе има три бини со различен тип музика, и тоа главна, за диџеи и за кавер-бендови.
Влезот на фестивалот, како и секоја година, е бесплатен за сите посетители. Традиционално, и оваа година фестивалот ќе биде под покровителство на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top