| четврток, 6 декември 2018 |

Љупчо Зиков се повлече од уредничкото место во Капитал

zikov intevju

Љупчо Зиков, основачот и главен и одговен уредник на „Капитал“ се повлече од позицијата главен уредник на изданијата на Капитал Медиа Груп.

Оваа одлука, напишал на својот профил на ФБ, ја донел неформално пред два месеци пред официјалниот старт на Алијансата за позитивна Македонија. Нов главен уредник е Биљана Здравковска Стојческа. „Политиката и новинарството не одат заедно. Тие се упатени секогаш еден против друг. Како бикот што трча кон црвениот чаршав во рацете на тореадорот. Тореадорот(новинар-уредник) вешто го трга чаршавот, а бикот(политичарот) редовно промашува. И нервозен е. И треба да биде ако е здраво општеството“, напишал Зиков. Ако не е здраво, вели, и бикот и тореадорот го фрлаат чаршафот, и почнуваат да танцуваат пред очите на присутните, кои дошле да гледаат корида, сфаќаат дека се излажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top