| четврток, 6 декември 2018 |

Фич: Контролата на капиталот ги спаси грчките банки од банкрот

фиц

Четирите најголеми грчки банки ќе пропаднеа и банкротираа доколку во таа држава во неделата не беше воведена контрола на капиталот поради одлив на депозити и одлуката на ЕЦБ да не се зголемат ликвидните средства достапни за грчките банки, соопшти американската бонитетна агенција „Фич“.

Ликвидноста и солвентноста на банкарскиот систем на Грција се исклучително слаби и насочување на одделни банки до точка во која ќе биде потребно нивно реструктуирање се чини како реална можност, се вели во соопштението на „Фич“.

Сепак, мали се шансите за едноставно реструктуирање на грчките банки ако има потреба за тоа.

– Веруваме дека е политички неприфатливо грчките кредитори да имаат загуби и поради тоа мора да бидат преземени напори за наоѓање решение со кое тоа би се избегнало, но кое и натаму би било во согласност со законот на Европската унија – се додава во соопштението.

„Фич“ заклучува дека укинувањето на контролата на капиталот во Грција во скоро време е малку веројатно дури и да бидат успешно продолжени преговорите со кредиторите. Потсетуваат дека таква контрола за кипарските банки беше укината во мај 2015 година, по две години траење

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top