| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталот во Кипар повторно слободно ќе се движи

кипар

Кипар денеска ги отфрли и последните ограничувања врз движењето на капиталот, обновувајќи ги нормалните услови за работа во финансискиот сектор, две години по тешката криза што ја зафати оваа островска земја.

Ограничувањето на дотокот на капитал, првото што беше објавено во ЕУ, во март 2013 година, имаше за цел да не се дозволи физичките лица и компаниите, раздрмани од ситуацијата, да ги повлечат своите сметки од презадолжените банки на островската држава, потсетуваат француските медиуми.

Иако првично изгледаше драконска, контролата, сепак, постепено почна да олабавува.

Владата денеска ги повлече и последните ограничувања, што ги засегаа транферите со пари на приватните лица во странство. Досега тие трансфери не можеа да надминуваат 20.000 евра месечно и лицата кои го напуштаа Кипар не можеа да носат со себе во кеш над 10.000 евра.

Укинувањето на ограничувањата стана можно благодарение на  засилената доверба на меѓународните пазари во финансискиот систем на Кипар, забележаа француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top