| четврток, 6 декември 2018 |

Путин до руските милјардери: Вратете го капиталот во Русија, можни се нови санкции

vladimir-putin-zapadyt-moje-da-naloji-novi-sankcii-292424

Владимир Путин ги повика руските милјардери и бизнис лидери, да ги вратат своите капитали во Русија и навести дека нивните финансиски средства во странство, може да бидат замрзнати со нови санкции, објави АП.

Во говорот пред конгресот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, претседателот на Русија денеска изјави дека од неколку земји во странство добива ваква загрижувачка информација.

Според него со оваа информација се создава впечаток, дека може да има обиди да се спречи враќањето на капиталот во Русија. Тој појасни дека тоа може да биде поврзано со ограничувања на употребата на средствата кои се наоѓаат под странски јурисдикции.

– Само имајте го на ум тоа! Им се обрати Путин на бизнисмените и додаде дека секој од нив треба сам да донесе одлука, соопшти ТАСС.

Минатата година од Русија е истечен капитал со рекордна вредност од 151,5 милјарди долари, потсетуваат агенциите. Затоа во декември Путин објави капитална амнестија, односно дека при враќање на капиталот во Русија, тие нема да бидат предмет на оданочување и други ограничувања.

Денес сепак претседателот истакна дека амнестијата треба да дејствува според меѓународните правила против перењето пари, за да не бидат примени во земјата нелегално стекнати капитали.

Веста за финансиската амнестија беше проследена од повеќегодишните обиди на руската влада да оствари т.н. деофшоризација, односно да ја прекине практиката на руски бизнисмени и компании да ги држат своите средства во матни странски јурисдикции.

Засега овие обиди не доведоа до значителни успеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top