| четврток, 6 декември 2018 |

Роберто Солдадо вети 20 голови за Тотенхем

Новиот офанзивец на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем Роберто Солдадо, вети дека оваа сезона ќе постигне најмалку 20 погодоци во дресот на англискиот тим.

„Секој пат се обидувам да ја стигнам бројката од 20 реализации и на крајот секогаш успевам во тоа. Ќе се потрудам оваа сезона да го дадам својот максимум и од првиот дуел да бидам ефикасен, бидејќи затоа ме доведоа“, вели Солдадо.

„Мојата цел е да постигнам и повеќе од 20 голови, верувам дека со помош на соиграчите ќе успеам во оваа мисија“, нагласи шпанскиот фудбалски интернационалец во изјавата за островските медиуми.

Тој е уверен дека нема да има проблеми да се навикне на различниот начин на игра во Премиер лигата, иако го пропушти поголемиот дел од подготовките на „Петлите“.

„Премиершип е физички многу потешко натпреварување од Примера, меѓутоа фудбалот се игра на разни начини, што би можело да ми биде од корист“, додава Солдадо.

Минатата сезона шпанскиот напаѓач во дресот на Валенсија одигра вкупно 46 натпревари, на кои што успеа да запише 30 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top