| четврток, 6 декември 2018 |

Крупна Американка со месеци сексуално се изживувала врз 11-годишник

siluvacka1

Шокантна приказна за сексуално злоупотребување го потресе Масачусетс. 35-годишна жена сексуално се изживувала над 11-годишниот син на нејзините пријатели.

Сара Бет Хопкинс (35) од Масачусетс се соочува со голема затворска казна поради силување откако наводно цели 8 месеци сексуално се изживувала врз 11-годишно дете.

Таа била уапсена пред неколку дена откако момчето, кое денес има 12 години, на својата мајка ѝ признало дека имало сексуални односи со нивната семејна пријателка. На Хопкинс ѝ била одредена кауција од милион долари.

Според последните информации, Хопкинс признала дека сексуално го злоупотребувала детето, коешто заедно со родителите живеело во истата зграда како и таа.

Родителите ја сметале за верна семејна пријателка сѐ до пред неколку недели кога мајката почнала да се сомнева дека нешто не е во ред затоа што нејзиниот син и „пријателката“ биле премногу блиски и поминувале многу време заедно.

Се претпоставува дека сексуалните односи се одвивале во нејзиниот стан или при долгите заеднички прошетки, а полицијата стравува дека ова момче не е единствената жртва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top