На заблето му текна зошто го викаат забле. Роберто Асис брат, и воедно менаџер на Роналдињо објави дека бразилската фудбалска легенда прави операција за исправање на забите.
„Роналдињо нормално тренира и се е под контрола. Ова беше една рутинска интервенција кај естетски хирург која не може да влијае на неговата игра на теренот“, рече Асис.
Менаџерот на Роналдињо прецизира дека 33-годишниот фудбалер во вторникот заминал на естетска операција на клиниката во Бело Хоризонте, а веќе попладнето тренирал со својот тим Атлетико Минеиро.
Роналдињо за прв пат ќе заигра со својата нова насмевка вечерва половина час по полноќ, во натпреварот од 14. коло на бразилското првенство против Баија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.