
Нашиот земја во Бугарија ќе ја претставуваат тројца млади борачи предводени од тренерот Љубиша Пешко. Во грчко-римски стил во категоријата до 60 килограми ќе нѐ претстатвува Кристијан Пешко, додека во категоријата до 84 килограми – Тимур Хамикоев. Во слободен стил, пак, во категоријата до 84 килограми ќе се натпреварува Халил Зубаиров.
Иако, шампионатот се очекува без некои пренагласени амбиции, од нашиот табор очекуваат максимален ангажман на репрезентативците и искористување на секоја, и најмала, укажана можност да се дојде до битката за медал во соодветните категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


