| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сирија убиен Албанец од Македонија

Afganistanski deca 1Уште еден Албанец од Македонија е убиен во Сирија од воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад,  јавува порталот Алмакос.

Станува збор за жител на скопското село Грчец. Идентитетот на убиениот е познат на редакцијата на Алмакос но сè уште не се соопштува.

Тој е третиот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Пред недела дена во Сирија беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина.

Во мај годинава во Сирија загина дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top