Обвинителството во Њујорк покрена обвинение против 22-годишниот Пол Маркес затоа што на интернет огласил за продажба бебе за почетна цена од 100 долари.
Во обвинението пишува дека Маркес неколку пати излегол со мајката на бебето и сметал дека таа не му посветува доволно внимание. Лут на неа, објавил оглас со фотографија од двомесечното женско бебе со порака „бебе на продажба“. Во огласот, исто така, навел дека тој е татко на бебето и дека сака да си игра, но и дека има астма која му оди на нерви.
– Не ја сакам, ве молам контактирајте ме на маил – напишал Маркес.
Тој во огласот го оставил телефонскиот број на мајката, па кога ја добила првата понуда за купување на бебето, повикала полиција.
По поднесувањето на обвинението за малтретирање на бебето и загрозување на безбедноста, тој е задржан во притвор затоа што немал пари да плати кауција од 1.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)