| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен судија од Врховен ја киднапирал сопствената внука, ни трага од детето

deteДедо и татко киднапирале дете. Сторијата ја отвори Сител. Според телевизијата тие заработиле кривични пријави за киднапирање на ќерката на Александра Бошњаковска. Но сe уште нема траг од 6 годишното девојче. Полиццијата поднела пријава за одземање на детето, но не успеала да ги натера поранешниот Врховен судија, односно дедото на малата внука, Александар Бошњаковски инеговиот син да ја откријат локацијата на која го кријат девојчето.

Повеќе од 1 месец трае потрагата на полицијата по малата Александра. Мајката во очај веќе кампува пред институциите. Поранешниот Врховен Судија Александар Бошњаковски минатата недела пред камерата на Сител призна дека неговата 6 годишна внука е кај него и дека нема намера да ја почитува одлуката на судот со која мајката е старател на девојчето. Вели подготвен е на се, за се, па дури и да биде уапсен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top