| четврток, 6 декември 2018 |

Душебаев одбил да игра во Хамбург за да дојде во Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска на прес-конференција го претстави новото засилување Алекс Душебаев, кој во следните две сезони ќе го носи црвено-црниот дрес

500108462091

Мислам дека потпишав за добра екипа, која ќе игра во Лига на шампиони и во СЕХА- лига. Можев да бидам и дел од Хамбург, истакна Душебаев.

Алекс Душебаев има 21 година и игра на позиција десен бек. Тој е син на Талнат Душебаев, тренерот на Атлетико Мадрид. Оваа сезона Алекс требаше да настапува токму во Атлетико, но финансиските проблеми на шпанскиот клуб беа пречка да се оствари нивната соработка.

– Требаше да тренирам со татко ми, но оваа сезона не се случи тоа поради проблемите. Никогаш не се знае, можеби во иднина ќе ми биде и тренер. Тој, сепак, ми даде совети дека ова е добар тим, во кој ќе можам да напредувам – рече Алекс.

Душебаев попладнево ќе се приклучи на тимот, кој е на подготовки во Крањска Гора, а тој досега беше дел од репрезентацијата на Шпанија, која на младинското Светско првенство го освои второто место.

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, во врска со голманската позиција, која не е пополнета, најави дека наскоро ќе се случи и тоа.

– Ние ја комплетираме екипата. Ќе има засилување и на голманската позиција. Или тоа ќе биде врвен голман или ќе биде млад и талентиран. Наскоро ќе биде познато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top