
Селекторот Алеш Пипан може да воздивне откако на националниот тим му се приклучи и Лестер Бо Мекејлеб, а и по санацијата на ситните повреди на Дарко Соколов (повредено стапало) и Ѓорѓи Чековски (ципа), со што Пипан ќе смета на 13 здрави играчи за дуелот против Хрватска.
Македонија пред подготовките во Крањска Гора одигра два контролни дуела против Украина и Словенија, и двата ги загуби, но Пипан, сепак, позитивно ја оцени играта на тој состав, во кој недостигаа капитенот Перо Антиќ и Мекејлеб.
По дуелите со Хрватска и со Литванија, селекцијата на 19 август заминува за Шпанија, каде што на 20 и 21 август се закажани два дуели против Шпанија. Оттаму селекцијата се сели на турнир во Улм, Германија, каде што ќе одигра уште три меча, против Турција, Германија и БиХ. Европското првенство се игра од 4 до 22, а Македонија ќе игра во групата Б, во салата „Подмежакла“ во Јесенице, против Србија, Црна Гора, БиХ, Литванија и Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


