
Бугарскиот прволигаш Локомотив Софија се откажа од намерата да го купи македонскиот репрезентативец и член на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски, пишуваат бугарските медиуми. Раководството на Локомотив Софија било изненадено од големата отштета што била побарана за трансфер на Блажевски, па веднаш ги прекинало преговорите и своите погледи ги насочило кон друг фудбалер од Балканот.
Претходно, имаше информации дека втора варијанта на Локомотив Софија ќе биде Филип Петковски, фудбалерот на Тетекс, меѓутоа очигледно дека ниту оваа идеја нема да се реализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


