| четврток, 6 декември 2018 |

Гечевски кажа збогум и не се пишмани

Тодор Гечевски и дефинитивно не игра на Европското првенство во Словенија од 4 до 22 септември, иако од таборот на нашата репрезентација најавија дека ќе се обидат до го премислат. Еден од јунаците на неверојатната литванска авантура од пред две години, кога Македонија направи светско чудо до пласман на четвртата позиција, останува на својата одлука и категорично вели „Не“ во изјава за „Нова Македонија“.

„Цврсто стојам на мојата одлука и нема да ја менувам. Не бегам од разговор со селекторот Алеш Пипан и со луѓето од кошаркарската федерација, но тоа нема да го промени мојот став“, е дел до изјавата на Гечевски за „Нова Македонија“.

Во Литванија во 2011 година, Тоше вложи натчовечки напори, играше повреден, а неговата желба за настап, борбеност и неверојатен дух, дадоа огромен придонес во прекрасниот успех на репрезентацијата.

Во еден момент и се пошегува на своја сметка, постирајќи слика на профилот на Фејсбук како лежи во кревет со лонгета на левата рака. Тогаш Перо Антиќ напиша: Еве го нашиот Воин во кревет. Секако со интересна алузија на Воинот на коњ што тогаш беше поставен на Плоштадот Македонија во Скопје.

gece

Овојпат,  36-годишниот кошаркар од Кавадарци нема да биде дел од националниот состав за нова успешна епизода на ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top