| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Во Ханиоти и Неа Пори се крадат македонски регистарски таблички

Од почетокот на летната туристичка сезона при влезот во земјава од Грција во 25 случаи македонски државјани пријавиле украдени регистарски таблички од своите автомобили.

 Од 18 возила биле украдени и двете таблички. Во 16 случаи кражбите се пријавени и кај грчката полиција, информира денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Исто така, пријавени се и четири случаи на оштетувања возила, односно на задната табличка на возилото со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случаи било напишано „ГР“.

Најчесто, според Јанкулоска, кражбите се случувале во Ханиоти и во Неа Пори. Иако добар дел од кражбите се пријавени и во грчката полиција, досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

– Немаме информација дека некои од овие случаи се разрешени – изјави Јанкулоска.

Петнаесет од македонските граѓани што пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top