| четврток, 6 декември 2018 |

Ноле со книга за правилна исхрана

TENNIS-GBR-WIMBLEDONХранете се онака како што се храни тенисерот Новак Ѓоковиќ. Тој својот успех го припишува на новиот начин на исхрана. Своите совети ќе ги сподели во книгата која ќе излезе во пресет на Отвореното првенство на САД, насловена „Сервирај за победа“ (Serve to Win).
Српскиот тенисер смета дека освоил пет од вкупно шест гранслем-турнири откако во 2010 година почнал да се придржува кон исхраната „ориентирана кон победа“. Тоа, всушност, е исхрана без житарки. Од тогаш освоил уште два гранслем-турнири, ОП на Австралија и Ролан Гарос. Книгата ќе ја објави американскиот издавач „Балентајн Бантан Дел“, кој е разгранок од „Рандом хаус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top