По долгомесечната битка за живот, почина бебето Најден, пренесе порталот „Плусинфо“.
Малиот Најден во саботата во три часот ја загубил битката со животот.
– Почина поради тоа што му попушти срцето. Најден извесно време дишеше со помош на трахеостома поради тоа што лузните од исеченото јазиче буквално му го затворија грлото. Поради константните проблеми со дишењето срцето на Најден откажа и тоа е причината за смрта. Не знам што да ви кажам, немам зборови. Телото е дадено на судска медицина за да се испита случајот – вели директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.
Инаку, Најден беше пронајден во Арачиново со отсечено јазиче и модринки по целото тело. За него на нозе се крена цела Македонија. Беа организирани поголем број хуманитарни акции за да му се помогне.
Нека почива во мир!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


