Единаесетгодишно дете од Виница вчера, додека играло на терасата од својот дом, во момент на невнимание паднало, јави „Канал5“.
Пред да се случи незгодата, и покрај предупредувањата од неговите најблиски, тоа продолжило да си игра со едно од трепезариските столчиња, поставени на терасата. Лулајќи се на едно од нив, детето загубило рамнотежа и паднало од висина од над четири метри. За среќа, падот малку го амортизирале гранките на кајсијата, кои биле до терасата.
Повреденото дете прв го забележал неговиот дедо, кој истрчал од куќата кога го слушнал неговиот вресок. Веднаш со возило на Брза помош е префрлен во виничкиот Здравствен дом,а од таму, поради тежината на повредите, дететото е хоспитализирано во штипската Клиничка болница.
Здравствената состојба на малиот виничанец е стабилна и е надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.