| четврток, 6 декември 2018 |

Шумските животни – тема на детските мултимедијални работилници на СДВ

Викендов на Неделата на дизајнот во Скопје се одржуваат две мултимедијални детски работилници, а темата е „Шумски животни“.
Под водство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, а со помош на роботчето Кубето, децата од 5 до 7 години ќе бидат дел од двете мултимедијални детски работилници на кои се одржуваат викендов на 24. и 25. ноември за време на СДВ на тема „Шумски животни”. Со користење на рециклирани материјали, децата ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирани од мотиви на шумски животни.

Работилниците овие два дена ќе се одржуваат од 15 до 17 часот во Јавна соба.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top