| четврток, 6 декември 2018 |

Кирче Стојоски, учесник на СДВ: Во Македонија е многу тешко да се издвоиме како дизајнери со препознатлив потпис

Младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид четврти пат учестува на Неделата на дизајн во Скопје која завршува вечерва во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ и галеријата „Лукс“.

Според Стојоски, Фестивалите како СДВ  можат многу да им помогнат на дизајнерите, особено во следењето на светските збиднувања и трендови во дизајнот.

Секоја година на СДВ се присутни различни земји. Така имаме можност да ги следиме разликите и спецификите на секоја земја одделно. Ова е особено важно, бидејќи на тој начин го следиме културолошкото влијание. Образованието и индустрискиот развој го градат различниот идентитет и влианието на креативноста на дизајнерите од тие држави – вели Стојоски, кој смета дека за пласирање на дизајните поголема улога имаат саемите за мебел, посебно оние најрепрензативните како оние во Келн, Милано, Лондон.

Дизјанерот од Охрид оваа година на СДВ се преставува со три парчиња на мебел.

Се трудам да бидам поразличен од претходните години, а секако, различен од останатите други излагачи. Во моите дела акцентот е на индивидуалноста, оргиналноста и скулптуралност на дизајните. Секоја година имаме експлозија на нови дизјнери и продукти. Во Македонија е многу тешко да се издвоиме како дизајнери со препознатлив потпис или наречете го тоа бренд – смета Стојкоски.

Тој смета дека Македонија, за жал, нема препознатлив дизајн.

Немаме традиција во високите школи, особено во дизајнот, немаме институци кои ќе ги обединат дизајнерите, ќе ги промовираат. Тука големо влијание има слабата индустрија, која е двигател на креативноста. Без побарувачка, нема понуда . За жал, сѐ  се сведува на неколку исклучоци на компани кои успеале самостојно да се брендираат и како такви да бидат препознати и надвор од нашата држава – вели Стојоски.

За него е најбитно да има наплив на идеи, бидејќи, како што тој вели идеите ‘не паѓаат од небо’ постојано.

Научив со анализа и селекција да ги одделувам оние идеи кои ми изгледаат најпривлечно. Добар дел од тие идеи подоцна ги отфрлам поради не можноста да се реализираат. Потоа се пристапува кон реализација на протоип. Откако ќе се изработи прототипот, коригираме некои технички недостатоци и така имаме готов производ спремен за промоција – вели дизајнерот Стојоски.

Стојоски планира неговите производи да ги промовира кај нас и во странство, надевајќи се дека на тој начин ќе ги инспирира и идните дизајнери со својата работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top