Вечерва во просторот за дизајн и иновации „Јавна соба“ почнува петтото издание на Неделата на дизајн во Скопје („Скопје дизајн вик“) со изложба на „Млади балкански дизајнери“ која е поставена во поткровјето на објектот. До недела, 29 ноевмри на овој простор во Скопје ќе се случуваат презентации, работилници, детски катчиња и работилници, ќе се ужива во добра храна и убава музика.
Секоја годна на СДВ една земја е во фокус, но организаторот одлучи оваа година домашните дизајнери да бидат во фокусот на јубилејното издание на Фестивалот.
– Треба да имаме повеќе почит за домашните производи. На сметка на странските производи се запоставуваат македонските марки. Постои квалитет, но тој не е афирмиран. Факт е дека освен свест за македонското вино, кај нас не постои свест за друг производ – вели Александар Велиновски, директорот на СДВ.
Изложбата „Млади балкански дизајнери“ е резултат на функционирањето на лани воспоставената Балканска дизајн мрежа, преку која дизајнерите од овој дел на Европа ги презентираат своите производи во светот.
Тој напомена дека по претставувањето во Истанбул и Будимпешта, мрежата наскоро ќе се претстави и во Келн, на големиот саем за мебел.
– Не може ништо да се случи преку ноќ. Мора да се биде трпелив – смета Велиновски, кој дополни дека СДВ за овие пет години постоење успеал да лансира 30 македонски марки.
Тој очекува дека во наредниот период ќе се лансираат преку 150 македонски производи.
– При тоа мислам на нивно вистинско пласирање на светските пазари, а не само создавање на виртуална марка. Мислам на вистински производ кој ќе се пласира на пазар – смета Велиновски.
На годинешното издание на СДВ најавено е учество на 150 дизајнери од Македонија и странство. Гости на програмата се и: Маја Лалиќ, уметнички директор на „Миксер“ од Белград и Јелена Матиќ од Факултетот за дизајн од истиот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кирче Стојоски, учесник на СДВ: Во Македонија е многу тешко да се издвоиме како дизајнери со препознатлив потпис
-
Шумските животни – тема на детските мултимедијални работилници на СДВ
-
Тамара Георгиевска, СДВ: Има македонски компании кои се свесни дека мора да имаат добар дизајн за своите производи
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот