Дарко Лазиќ за нешто помалку од 6 месеци ќе стане татко по втор пат, дознава српски Телеграф.
Како што се дознава од извор близок на смејството Лазиќ, девојката на Дарко, Марина Гагиќ пред неколку дена дознала дека е бремена, на почетокот на третиот месец.
-Марина не го добила редовниот циклус, но мислела дека тоа е последица од стресот кој го доживела поради несреќата на Дарко. Меѓутоа прегледот покажал дека во прашање е бременост. Таа почнала да смеее и да плаче, не можела да верува на она што го слуша и гледа. Се разбира веста веднаш ја соопштила на своето и семејството на Дарко – рекол соговорникот.
Марина радосната вест на Дарко ја соопштила во вторникот.
-Тој дозна пред два дена. Плачеше и се смееше во исто време. Во оваа ситуцаија поубава всет не можеше да слушне. Тоа му даде уште поголема сила и ветар во грб да се бори за да оздрави што побрзо – додава изворот на Телеграф.
Токму поради тоа Марина веќе не го посетува Дарко во утринските часови, туку само попладне, кога нема гужва и медиуми.
Веста за бременоста на Марина ја потврдила и мајката на Дарко, Бранка.
-Вистина е. Марина е трудна. Пресреќни сме, сите, што друго да кажам? И Дарко и сите ние – со насмевка рекла Бранка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.