| четврток, 6 декември 2018 |

Русите го симнуваат Дарко од кокаин за 7.000 евра: Докторите ќе му го избришат сеќавањето на дрога!

Дарко Лазиќ по излегување од болница ќе оди во специјализирана руска клиника за болести за зависности во Земун, како би се одвикнал од кокаин. Пејачот за ова лекување треба да издвои поголема сума пари.

Според информациите, родителите на Дарко се рапрашувале за начинот на лекување на својот син и веќе ја нашле клиниката каде тој процес ќе се заврши.

Во прашање е една реномирана руска установа во Белград, со оглед на тоа дека лекувањето е скапо, родителите се подготвени да позајмат пари, како би му помогнале на својот син. На оваа клиника интензивно се работи со пациенти и болничкото лекување трае од 2 до 3 недели.Извор од клиниката открил детали и фази на лекувањето, а според проценките на лекарите Лазиќ таму би требало да помине од 10 до 12 дена, што ќе го чини 7.000 евра.

-Цената зависи од што зависникот се лекува и од должината на престој во болницата. Се тргнува со детоксикација, а кај Дарко тоа не би требало да трае долго, бидејќи тој веќе некое време не зема ни алкохол, ни кокаин. Детоксикацијата се работи под анастезија, бидејќи тоа чувство на прочистување на организмот знае да биде непријатен. Организмот се чисти со инфузија и лекови и се враќааат нормалните функции на органите-додава изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top