По вчерашната победа со Бисери во Плевља (31-24) ракометарките на ЖРК Вардар денеска од 15 часот гостуваат кај актуелниот европски првак Будуќност. Тоа е средба од Регионалното женско натпреварување во кое Македонија има два претставника кои засега се во долниот дел од табелата.
Со новите засилувања Де Роча, Фернандез и Пецевска тимот на Индира Кастратовиќ беше сосема коректен во дуелот со Бисери што е добра најава за мечот во Морача, но и за следниот период во кој од ЖТК Вардар се очекува да стане новиот Кометал Ѓорче Петров.
Будуќност и Подравка водат во регионалната лига со 15 бодови, Вардар е шести со 6, меѓу нив, некаде на средина од табелата е вториот наш претставник, Металург со 8 освоени поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


