| четврток, 6 декември 2018 |

МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет

Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска.

-Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик, соопштуваат од јавниот сервис.

Оттаму порачуваат љубителите на ракометот да се подготват за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top