| четврток, 6 декември 2018 |

Будуќност ќе даде одговор колку е силен ЖРК Вардар

Ракометарките на Индира Кастратовиќ со три засилувања одат кај Европскиот првак да проверат до каде се во формурањето на тимот кој во иднина треба да игра во ЛШ

По вчерашната победа со Бисери во Плевља (31-24) ракометарките на ЖРК Вардар денеска од 15 часот гостуваат кај актуелниот европски првак Будуќност. Тоа е средба од Регионалното женско натпреварување во кое Македонија има два претставника кои засега се во долниот дел од табелата.

Со новите засилувања Де Роча, Фернандез и Пецевска тимот на Индира Кастратовиќ беше сосема коректен во дуелот со Бисери што е добра најава за мечот во Морача, но и за следниот период во кој од ЖТК Вардар се очекува да стане новиот Кометал Ѓорче Петров.

Будуќност и Подравка водат во регионалната лига со 15 бодови, Вардар е шести со 6, меѓу нив, некаде на средина од табелата е вториот наш претставник, Металург со 8 освоени поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top