После 15 дена борба за живот, 16 месечната Даниела Р. која паднала во канта со вар, починала во Инситутот за мајка и дете „Др. Вукан Чукиќ“.
Безживотното тело на бебето е упатено на обдукција, а семејството на настраданото дете не било во состојба да коментира било што.
Инаку во станот на Нов Белград, додека мајка и простирала алишта, а братот и сестрата на Даниела гледале телевизија, малата Даниела упаднала во канта со вар и за малку се угушила. После 15 дена борба за нејзиниот живот, девојчето почина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.