| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца браќа, слична судбина: Братот на Дарко поминал по неговиот пат

Браќата Дарко и Драган Лазиќ делат иста судбина, а по животните ситуации кои им се случиле, имаат слични убави и тешки ситуации.
Драган Лазиќ е роден брат на Дарко кој тргнал по исти стапки, обидувајќи се да успее во музиката, иако имал само 5 месеци пеачко искуство, за разлика од братот, кој пее од мали нозе. Меѓутоа тешко било да ја достигне огромната популарност на Дарко.
Драган пред повеќе од 2 години исто така доживеал сообраќајна несреќа, со што завршил во Ургентен центар. Но, по сообраќајната несреќа, сепак неговата состојбата не била толку критична како на Дарко, иако и тој возел и брзо и дејство на алкохол.
Српските медиуми пишуваат дека тие биле многу поврзани. Драган исто така бил учесник во “Звездите на Гранд” во 2013 година, а Дарко го советувал како да се однесува за да доживее успех:
-Точно е дека мојот брат Драган се натпреварува во “Ѕвездите на Гранд”. Убаво пее, но со тоа се занимава 5 месеци. Малку доцна, со оглед на тоа дека јас пеам од дете. Го советував што треба да пее, како да се однеусва на сцена и какви песни да одбере.Го носев неколку пати на мои настапи, и знае како сето тоа изгледа. Тука сум да му помогнам за се што треба и да го подржам. Единствено нешто што неможам е да го повикам Саша Поповиќ и да ургирам за братот.Луѓето треба да го засаакаат затоа што убаво пее, а не затоа што јас сум му брат – изјавил неодамна Дарко за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top