Игор Џамбазов крај езерото во Маврово ја рецитира поезијата на Раде Силјан, поточно песната „Лажно време“, која гласи вака:
Си имаме море несолено
Си имаме поле неорано
Си имаме народ за броење
Си имаме жени доилки
Си имаме семе изртено
Сè си имаме
И време за распродажба
И деца за прокуда
И сонце што не заоѓа
Си имаме море несолено
Си имаме многу татковини
Сè си имаме
А утре
Можеби народ ќе немаме
(Скопје, 1990)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.