| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов го рецитира Раде Силјан: Сè си имаме, а утре, можеби народ ќе немаме! (видео)

Игор Џамбазов крај езерото во Маврово ја рецитира поезијата на Раде Силјан, поточно песната „Лажно време“, која гласи вака:

Си имаме море несолено

Си имаме поле неорано

Си имаме народ за броење

Си имаме жени доилки

Си имаме семе изртено

 

Сè си имаме

И време за распродажба

И деца за прокуда

И сонце што не заоѓа

 

Си имаме море несолено

Си имаме многу татковини

Сè си имаме

А утре

Можеби народ ќе немаме

 

(Скопје, 1990)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top