| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов ве праќа на најубаво кафе во местото со душата на Тоше

12115913_489087637936598_296339146636189553_n

Шоуменот Игор Џамбазов, човекот што го познава секое ќоше во нашата Македонија, преку профилот на „Фејсбук“ на неговата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска препорачува места што, веројатно, никогаш не би ви текнало да ги посетите. Како што вели, се работи за места со душа – прекрасни, скромни местенца каде што главни се само хомосапиенсите…тие го прават местото…

12074939_489087764603252_4791072364158164776_n

-Крушево. Чекориш по улицата што го носи неговото име. По пат, низ некаков чуден призвук, го слушаш неговиот ангелски глас толку верно, како да чекори тука зад тебе. Како да те скокотка неговата прекрасна насмевка со која, за само неколку години успеа да го хипнотизира целиот Балкан. И на крајот од уличката, влегуваш во неговото омилено место. Неговиот дух е душата на ова место. Планет.

12065646_489087687936593_7147971283800587350_nЕдна мала, за многумина од Вас, се уште неоткриена планета. Место во кое сте опкружени од безброј негови фотографии, од кои имаш впечаток дека ќе ти проговори или запее во секој миг. Газдава мој вика дека тука се служи најубавото кафе во радиус од 200 километри. Ако дојдеш во Крушево, прашај за Планет. Кога ќе влезеш внатре, ќе го бараш чичко Шестич. Тој се ќе ти објасни… Ова е место со душа. Со душата на Тошка наш – „напиша“ Емилија Џамбазова Бавчанска.

12049256_489087917936570_2013609252958106050_n

Доколку патот ве води на друг крај, или веќе сте биле на ова место, тогаш послушајте друг совет од Џамбазов, на пример поминете кај Тони Мишинката во Василево или кај газда Аце во Слепче. Добар избор би било и гевгелиското локалче Кај Кико и Иван или Радост на Широк сокак, а зошто не и  Рибник Таушанови во Радовиш. Или пробајте риба во Фук-так во Дојран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top