| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов ве праќа во Радост, местото што мириса на уметност

bitola

Шоуменот Игор Џамбазов, човекот што го познава секое ќоше во нашата Македонија, преку профилот на „Фејсбук“ на неговата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска препорачува места што, веројатно, никогаш не би ви текнало да ги посетите. Како што вели, се работи за места со душа – прекрасни, скромни местенца каде што главни се само хомосапиенсите…тие го прават местото…

bitola2

-На крајот од легендарниот битолски Широк сокак, во едно од сокачињата спроти преубавата саат-кула, се наоѓа едно ептен специјално место, место со душа. Газдава мој обожува да седи таму денски и да пие ладен чај од тегла, специјалитетот на куќата…а навечер да ја грабне гитарата и да ги малтретира присутните…се дур не отвори бурекот. Местото мириса на уметност. Писатели, сликари, скулптори, музичари, арт-дизајнери, урбани фаци…и по некој залутан хомо-сапиенс….што гледа наоколу…како Алиса во земјата на чудата. Со радост одиме во РАДОСТ… – „напиша“ Емилија Џамбазова Бавчанска.

bitola1

Доколку патот ве води на друг крај, или веќе сте биле на ова место, тогаш послушајте друг совет од Џамбазов, на пример поминете кај Тони Мишинката во Василево или кај газда Аце во Слепче. Добар избор би било и гевгелиското локалче Кај Кико и Иван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top