| четврток, 6 декември 2018 |

23 повредени во стампедо во Шпанија

Spain San FerminНајмалку 23 лица биле повредени во стампедо за време на трката со бикови на Сан Фермин фестивалот во Шпанија. Според тамошните власти еден 19-годишен Шпанец се наоѓа во болница во „многу тешка здравствена состојба”. Еден Американец се здобил со повреди во колк, а еден Шпанеци  има повреди во мускул.
Spain San Fermin Spain San Fermin
Несреќата настанала откако тркачите се обиделе во поголем број да минат низ вратата на влезот во арената, која обично останува отворена, па тие и биковите биле заглавени речиси 2 минути. На телевизиските снимки се гледа дека голем број на тркачи прават гужва на влезот во арената, поради што животните не можеле да поминат, а тркачите во паника почнале да ги газат тие пред себе. Два бика, од шесте колку што трчале, влетале во групата, при што тркачите се нашле под нивните стапала. Во текот на траењето на фестивалот, секојдневно се организираат трки со бикови во осум часот наутро по локално време, и ги привлекуваат оние кои се зависници од адреналин.

Во последните 100 години, 14 лица загинале за време на корида во Шпанија.

Spain San Fermin Spain San Fermin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top